Официјални фотографии од Ferrari California

Ferrari ги понуди првите официјални фотографии на т.н. мистериозен модел, наречен 149М Project. Како  што и се претпоставуваше тоа е модернизирана верзија на моделот California и е со буквата Т на крајот од името. Спортската верзија со тврд подвижен покрив ќе има светска премиера на салонот во Женева.

Од своето раѓање како самостоен модел во 2008 година Ferrari California е најприфатливото „коњче“ од италијанската компанија, бидејќи „многумина сметаат“ дека сумата од 200.000 долари е сосем прифатлива за ваков автомобил. Досега од погоните во Маранело, за овие 5 години, излегле над 8.000 примероци од Ferrari California и е ова несомнено е еден исклучително успешен модел, иако некои на стартот од неговото лансирање, го критикуваа, особено дизајнот на задниот дел. За фановите на Ferrari тоа се злобници, кои никогаш не можат да си дозволат дури и „да се прошетаат покрај“ сличен автомобил.

Новиот Ferrari California T ќе се потпира на 3,8-литарски турбо мотор V8, наместо досегашниот 4,3 литарски. Ова ќе придонесе не само до 15 проценти заштеда на гориво, туку и до поголема моќ за 70 „коњи“, или 553 КЅ. Тежината на новината е намалена за 200 килограми, што го прави забрзувањето од 0 до 100 km/h за само 3,6 секунди. Амортизацијата Magnaride секако придонесува за одредени промени, како во возните својства, така и во комфорот, инаку суспензијата е комплетно магнетна, а карбон-керамичките сопирачки се одликуваат со нов композитен диск и рампа.

California T се разликува многу од својата базна модификација и воопшто не станува збор за само „обично дотерување“.


Прочитајте и:  „КОНТРАСТИ“ НА САКУ пред битолската публика
- Реклама -