Филмовите во кои се појавува легендарната Одри Хепберн одамна се прогласени за класици. Нејзиниот истенчен вкус за модата и блескавиот актерски талент се причините поради кои денес со помош на компјутерска технологија се направи реклама во која таа е во главна улога.
Имено, 20 години по нејзината смрт, нејзиниот лик се појавува во рекламното видео за чоколадото Galaxy.
Рекламата била снимена со одобрение од нејзините синови Шон Ферер и Лука Доти кои изјавиле дека видеото совршено го отсликува веселиот карактер на нивната мајка.
Според нивните зборови, Одри не ја криела својата сласт кон чоколадите кои и го подобрувале расположението.
Во јавноста се појавија и негативни реакции и шпекулации дека нејзините синови сакаат постхумано да заработат со името на сопствената мајка и дека воскреснувањето заради рекламни цели е неетичко.
[youtube]http://youtu.be/SFw8NjZF-Qk[/youtube]