Во обид да ја зголемат очајната посетеност на своите натпревари, хокеарскиот тим, Атланта Трешерс, изведоа координиран трик со полицијата. Останува прашањето – дали ова ќе им помогне да продадат повеќе билети?
Официјалната приказна започнала на сајтот од тимот и на нивната страница на Фејсбук, каде што било објавено дека маскотата на тимот, Треш, изнервиран од апатијата на навивачите (и покрај изненадувачки високото петто место во источната конференција), украл Замбони од тренинг теренот на тимот во Дулут, Џорџија и потем започнал со него да вози по улиците, за да ги „разбуди“ фановите. Со него се обидел да помине 40 километри до Филипс арената во центарот на Атланта, но попатно бил „уапсен“ од полицијата на Гвинет Каунти. Секако, сево ова беше потврдено со „исечокот од вести“ што беше објавен на сајтот на тимот:
{youtube}tEWx3Jf_p9Q{/youtube}