Во мала провинција во Кина, една жена изградила фарма за муви, каде
овие летачки досади ги одгледува за пари, нарекувајќи ги „убави мали
ангели“.
Во мала провинција во Кина, една жена изградила фарма за муви, каде овие летачки досади ги одгледува за пари, нарекувајќи ги „убави мали ангели“.
Аи Баоронг барала работа по своето завршување на студиите, но потрагата по идеално место останала залудна. Набрзо одлучила да ги научи техниките за одгледување инсекти и започнала со одгледување муви и нивните ларви.
Секоја ларва содржи 60% протеин, 15% масти, како и витамини, а протеините се со неколку пати поголема хранлива вредност од животинските.
По чистење и процесот на дехидратација, концетрираниот протеин се користи во производството на соја сосеви и многу други работи.
Моментално, Аи Баоронг произведува 30 тони живи инсекти месечно за клиенти од Кореа и Велика Британија.
Кој вели дека од продавање бели црви нема живеачка?