Кој може да си замисли салата без кромид? Или пиво без поховани прстени од кромид? Кога веќе можете да ги имате зошто би си го замислувале животот без нив? Продолжете да читате за да откриете како да одгледувате кромид во својата градина (евтина органска храна!), како и тоа како да сецкате кромид без да се расплачете. И за крај неколку рецепти со… кромид!
Кој
може да си замисли салата без кромид? Или пиво без поховани прстени од
кромид? Кога веќе можете да ги имате зошто би си го замислувале животот
без нив? Продолжете да читате за да откриете како да одгледувате кромид
во својата градина – евтина органска храна, како и тоа како да сецкате
кромид без да се расплачете. И за крај неколку рецепти со… кромид!
При сечењето кромидот испушта ензими кои ги разложуваат сулфурните соединенија на оксиди и киселини, кои пак формираат гас што кога ќе се измеша со солзите во окото формира сулфурна кислеина која не` расплакува. Концентрацијата на овој гас е повисока на крајот каде се наоѓа коренот на кромидот, но не е доволно само да го исечете ова парче.
Еден од најдобрите совети на оваа тема е да запалите свеќа (или две) во близина на даската за сечење. Пламенот го одвлекува гасот и ве поштедува од солзи.
Уште еден начин е да го ставите кромидот во ладилник на 10-15 минути – со ладењето ќе се спречи поголемо испарување.
Овде ќе дознаете како да одгледувате кромид во вашата градина, а кога ќе си имате органска храна штета е да не пробате некој нов рецепт со кромид.