Home Технологија Автомото Од PS3 до Ле Ман

Од PS3 до Ле Ман

0

НисанОва е доказ за теоријата на секој тинејџер дека видео игрите не се залудно трошење време. Поранешниот студент Лукас Ордонез е инспирација за цела генерација фанови на PlayStation. Тој се подготвува за настап во 24 часовната трка Ле Ман. Пред три години тој бил само уште еден гејмер.

Во 2008 година, додека студирал бизнис, тој се пријавил во онлајн натпревар во возење, каде што се натпреварувал против 25.000 други гејмери. Сега тој е победник на првата GT Академија, предводена од Sony PlayStation во соработка со Нисан. Гејмерите се натпреварувале на PS3 во трка во играта Gran Turismo 5. „Ове е неверојатно. Навистина возбудливо. Мојата цел кога се пријавив во натпреварот беше да станам возач на тркачки автомобил, но не на ова ниво.“

Дваесет и четири часовниот предизвик се одржува секоја година во близина на градот Ле Ман во северна Франција. Трката била основана во 1923 година со што е најстарата автомобилска трка на издржливост во светот. Патеката содржи и делови од затворени јавни патишта и наместо да е тест само за брзина трката ги тера производителите да создаваат брзи и издржливи возила. За трката се потребни возила кои можат да издржат цели 24 часа со што е можно помалку време поминато во боксот. Повеќе категории на возила истовремено се натпреваруваат за победа во сопствената категорија но и во севкупно. [From bedroom racer to Le Mans star: How PS3 gamer landed seat in 24-hour race]

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here