Очигледно бугарската страна нема волја за решение, туку сака да го наметне својот поглед на историјата во друга држава – велат македонските историчари

До пред два дена бил убеден дека и покрај разликите, тие се дел од мешовита комисија за историски прашања, но по 16-тиот состанок, кој се одржа онлајн вчера и денес, не е веќе сигурен дека тоа е така – изјави копретседавачот на бугарскиот дел од историската комисија со Бугарија – Ангел Димитров, обвинувајќи ги македонските историчари за немање основен професионализам.

Разочарувањето не го крие ниту македонската страна. Според македонските историчари, последниот состанок поминал во тензична атмосфера и бил најтешка дебата досега, при што не успеале да постигнат компромис по ниту една од точките на дневен ред, меѓу кои и за Цар Самоил, Гоце Делчев и Григор Прличев, пренесува „Канал 5“.

„За жал, очигледно е отсуството на волја кај членовите на Комисијата од Република Бугарија да се дојде до решение преку кое историското образование не би било основа за политичка инструментализација често затскривана позади фразата ‘историска вистина’. Исто така, очигледно е дека бугарската страна го гледа овој процес како можност да го наметнат својот поглед за минатото во друга држава и образовен систем“, велат од македонскиот дел од Комисијата.

Прочитајте и:  Мицкоски: Нашите аргументи му се предочени на Радев, очекувам добрососедство и до крајот на годинава да го продолжиме нашиот процес

Тие информираат дека на маса ставиле предлози засновани на современите разбирања за историското образование, поддржани од Советот на Европа и УНЕСКО, со различни погледи и толкувања за минатото (читај: мултиперспективност), но дека бугарските историчари ги одбиле како неприфатливи и неприменливи.

Димитров, пак, со контраобвинување дека бугарската страна понудила нацрт текстови во кои се нудела мултиперспективност за македонските учебници во однос на Цар Самоил и Прличев, но дека македонските колеги не сакале ни да дискутираат. Повеќе детали ТУКА.

- Реклама -