Димитров: Нашите македонски колеги одбија да разговараат на конкретна тема, тешко дека ќе постигнеме разбирање за Гоце Делчев

„Досега бев убеден дека и покрај сериозните проблеми, и покрај фундаменталните разлики кои постојат меѓу нас и колегите од Скопје, сме една Мешовита комисија за историски и образовни прашања. Но, по денешната 14-та средба по ред, почнувам да си го поставувам прашањето дали навистина е така“, изјави копретседавачот на бугарскиот дел од македонско-бугарската историска комисија – Ангел Димитров, пренесува БГНЕС.

По дводневниот состанок на комисијата, тој се пожали дека македонските историчари одбиле да разговараат на конкретна тема.

„Вчера нашите колеги категорично одбија да водиме било каков и да е конкретен разговор, по конкретна историска тема. Нешто што е не само типично, туку и е неизбежно за професионални историчари“, рече Димитров, уште еднаш алудирајќи дека македонскиот дел од комисијата е непрофесионален.

Прочитајте и:  Мицкоски: Нашите аргументи му се предочени на Радев, очекувам добрососедство и до крајот на годинава да го продолжиме нашиот процес

Димитров истакна и дека тешко може да се постигне разбирање за Гоце Делчев.

„Се надеваме дека летните месеци ќе дадат некаква можност за премислување“, додаде тој.

- Реклама -