Сè уште не знаеме како да ја убиеме обичната настинка и нашите најдобри напори само го попречуваат нејзиниот развој.
Но сега се чини дека овој вечно променлив вирус ќе ни помогне во убивање на нешто уште поотпорно на лекови – рак. Според истражувачите од Salk Institute, обичната настинка има способност која го спречува самоуништувањето на клетките заразени од вирус, по што тие се шират низ телото и ги создаваат физичките симптоми.
Научниците сега откриле како да го онеспособат E4-ORF3 протеинот кој е одговорен за попречување на механизмот за самоуништување. Но, онеспособување на процесот на E4-ORF3 подразбира и онеспособување на p53 протеинот чија функција е попречување на формирањето на канцерогени тумори.
Научниците се надеваат дека ќе можат да создадат модифицирана верзија на вирусот која се фокусира на клетките во кои е онеспособен p53 протеинот и да ги уништи. „Наодот на Salk Institute ќе им помогнат на научниците да развијат мали молекули – основата за повеќето сегашни лекови – кои ќе можат да ги уништат туморите преку сврзување и уништување на големи и комплицирани клеточни компоненти кои овозможуваат раст и развој на туморите.“
„Разбирање како вирусите ги совладуваат здравите клетки може да им помогне на научниците да создадат вируси кои ќе уништуваат тумори, со што би била создадена нова и потенцијално успешна терапија. Вака модифицираните вируси би ги уништувале само канцерогените клетки бидејќи тие ќе можат да се реплицираат само во клетки во кои е онеспособен p53 протеинот.“
„Кога канцерогената клетка е уништена таа ќе рашири копии на модифицираниот вирус, кои и понатаму ќе бараат и уништуваат канцерогени клетки во целото тело.“ Кој би знаел дека обичната настинка еден ден би можела да спаси живот? [Cold viruses point the way to new cancer therapies]