Први фотографии на втората генерација MINI Clubman се појавија на интернет просторот. Возилото треба да биде претставено официјално кон крајот на овој месец, а јавно пред публика, ќе се појави во Франкфурт наесен.
Новиот MINI Clubman изгледа речиси идентично на концептот, кој брендот го покажа пред околу една година. Информации за димензиите на автомобилот нема, но најверојатно тие се слични со оние на концептот – 4.223 mm должина, 1.844 mm ширина и 1.450 mm висина. Спореден со првата генерација новиот модел е 260 mm подолг, 161 mm поширок и 24 mm повисок. Tоа го претвора во најголемиот автомобил во историјата на MINI.
Што се однесува до дизајнот, тој пристигнува со конфигурација со шест врати. Моделот има по две врати поставени од секоја страна, како и две дополнителни за багажниот простор. MINI Clubman е изграден на новата платформа за автомобили со преден погон на BMW Group, што значи дека ќе користи агрегати од останатите нови модели на MINI. Најмоќниот од нив е 2,0-литарски со 231 КС, кој ќе се става во верзијата John Cooper Works.