Новогодишните излози на продавниците во Куба

Во ера на доцен капитализам, излозите на продавниците обично претставуваат олицетворение на најстрвните соништа и желби на консумеризмот. Не и во Куба.

Под контрола на комунистите во Куба, таму претставуваат нешто друго. Таму самото државно Биро за рекламирање вработува украсувачи на излози, сé со цел да се прикрие вистинската слика (сиромаштија, затворени продавници, празни излози) и да се прикаже утописка визија на успех.

 

Дали е до платата што ја исплаќа бирото, или е до „талентот“ на украсувачите – не знаеме. Ама излозиве изгледаат тажно, особено кога ќе се споредат со тие што сме навикнати да ги гледаме.

Изгледаат до толку вештачки и тажно што ја фасцинирале германската фотографка Бруклина Алекса Хојер доволно за да потроши две години на нивно фотографирање. „Излози“ (фото-серијата), вели таа, ја покажува потсвеста на една земја на работ.

„Јас сум невидлив. Но има и куп други ствари кои се невидливи и кои остануваат такви“, вели Ромеро Салазар – украсувач на излози од Хавана, алудирајќи на сиромаштијата.

- Реклама -