Home УмниБус Дизајн Новогодишен ентериер 2015: Украсување на домот за празниците

Новогодишен ентериер 2015: Украсување на домот за празниците

0

Кога доаѓа крајот на декември, домовите ширум светот добиваат нов изглед, прекрасните декорации што ги подготвуваме симболизираат радост за дочекот на новата година.

Пронајдете неколку идеи од еден убаво уреден новогодишен дом, а потоа декорирајте го вашиот.

Две елки, новогодишни венци и весели лампиони се само дел од деталите на топлиот семеен дом, чиј што ентериер го дизајнирал Хаи Пенг.

Овој уметник доби и прва награда на натпревар за дизајн на домови во новогодишен дух пред две години, па топло порачуваме да позајмите некоја негова идеја, за декорација на вашиот ентериер.

Во овој дом, преовладуваат украси во црвена и сива боја, кои симболично го претставуваат Дедно Мраз, а ние советуваме да одберете две омилени бои и на тој начин да го уредите станот.

1

Две елки, во различни бои, една со црвени, а друга со сребрени лампиони е одличен начин да покажете стил, но и креативност. Прочуената новогодишна чорапа и убаво осветлување се задолжителни за празничната декорација.

22

Весели венци закачени во дневната соба ги најавуваат претстојните празници, а немојте да заборавите под елката да ставите неколку симпатично спакувани подароци.

3

Сигурни сме дека добивте барем малку инспирација. Нека започне украсувањето.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here