Директорот на „Гранд“, Саша Поповиќ веќе со години ужива во успех со неафирмирани пејачи преку натпреари и од нив прави ѕвезди.
Сега одлучил да оди и чекор понатаму.
– Естрадата е вид на наука и не се двоумам да основам факултет за шоу-бизнис! Тогаш почетниците не би правеле грешки, какви што прават сега- рекол Саша во една српска емисија, пренесува српскиот „Blic“.
Меѓу другото, во разговорот со водителката кажал и како ја изградил продукцијата „Гранд“, и низ какви се финансиски потешкотии поминувал во деведесетитте години.