Новите електронски очила ќе ги заменат традиционалните

bifelspecТрадициналните бифокални очила можат да станат дел од минатото со новите електронски очила кои му овозможуваат на оние што ги носат да ги гледаат објектите на различни растојанија. Со помош на модерната технологија вградена во рамките на очилата и сензорите за движење, електронските очила нудат ново решение за еден стар проблем.


PixelOptics_jpg_1661721cТрадициналните бифокални очила можат да станат дел од минатото со новите електронски очила кои му овозможуваат на оние што ги носат да ги гледаат објектите на различни растојанија. Со помош на модерната технологија вградена во рамките на очилата и сензорите за движење, електронските очила нудат ново решение за еден стар проблем.

Имено, традиционалните бифокални очила со две леќи со различна јачина ги користат луѓето со слаб вид кои се обидуваат да се фокусираат и на подалечни и на поблиски објекти, уште од времето кога тие биле измислени од страна на Бенџамин Френклин во 1780 година. Но некои пациенти се жалaт на главоболки и вртоглавици додека малото видно поле ги принудува да ја движат главата додека читаат.

Новите електронски очила, кои беа развиени од американската PixelOptics, можат да бидат рачно прилагодувани со цел да се гледаат објекти на различни растојанија едноставно со притискање на копче кое се наоѓа на рамките на очилата. За разлика од традиционалните бифокални очила, кои му овозможуваат на оној што ги носи да се фокусира само во далечина и на објектите во близина, електронските леќи имаат повеќе прилагодливи опции помеѓу. Исто така, очилата имаат опција и за автоматско прилагодување со помош на сензори за движење (исти такви какви што има и iPhone) кои се наоѓаат во рамката и кои можат да детектираат кога оној што ги носи гледа надолу, за да чита книга, на пример. Електронските очила веќе имаа промоција со пробен период, а во продажба ќе се најдат до крајот на годинава во САД. [Bye bye bifocals, hello electronic spectacles]

- Реклама -