Новиот штаб на Google во Лондон

Салон за масажа, танц студио, тертана, тајна градина и неколку „соби за релаксација“. Ова не е опис на лукзно одморалиште со пет ѕвезди туку новиот штаб на Google во Лондон.

Просторот од 1486 метри квадратни во Ковент Гарден е толку полн со занимливости кои му одезмаат внимание на персоналот што прашање е како Google воопшто функционира. Посетителите се пречекани од големо бриатнско знаме на осмиот кат на Кулата Сејнт Гил.

Но што подлабоко навлегувате во канцелариите работите стануваат почудни. Дизајнерот Пенсон добил огромна слобода за создавање на стимулативно и уникатно работно место и резултатот е хаотична експлозија на бои.

Штабот има теретана со салон за масажа и студио за танц. Градината на покривот исто така служи како привремен простор за работа. Шефовите на Google инсталирале и простор во кој вработените можат да одгледуваат растенија и специјален ‘Bikedry’ област за работниците кои доаѓаат со велосипед.

Прочитајте и:  За да ја сруши доминацијата на iPad, Google ги спојува ChromeOS и Android

[Google’s new London HQ is more madhouse, less primary school]

- Реклама -