Kia Soul припаѓа во класата на компактни моноволуменци и за прв пат е претставен 2008 година.
Втората генерација на моделот за прв пат е видена на авто салонот во Париз 2014, а отсега може да се види и во салонот на КММ.
Дизајнот на новата генерација, сосема очекувано, потпишана е од Питер Шрејер. Иако новината потсетува на претходникот таа е сосема различна. Најпрво димензиите се зголемени, ширината изнесува 1.800 mm, висината 1.600 mm, додека меѓуоскиното растојание е 2.570 mm. На предниот дел може да се забележат новите LED дневни светла и модифицираниот браник кој има црни детали и почисти линии. Целиот облик на автомобилот е во налик на „коцка“, со што се потврдува просторот однатре. Пропорциите на автомобилот се одлични и го прават компактен и моќен. На задниот дел новост е светлосната група која повторно е сместена високо над С- носачот, а големи измени има и на браникот.
Ентериерот на возилото е значително унапреден во однос на претходната генерација. Благодарејќи на поголемите димензии од надворешноста, зголемен е и просторот однатре. Подобрен е квалитетот на материјалите и завршната обработка. Инструмент таблата е прегледна и унапредена, додека на централната конзола се наоѓа 8 инчен екран на допир. Преку него може да се контролира работата на повеќе системи, вклучувајќи ја и навигацијата. Списокот на дополнителна опрема е доста долг, па затоа оставаме да појдете до салонот на импортерот и да проверите.
За придвижување се користат бензин и дизел агрегати. Кај нас во понуда влегува еден бензински мотор со зафатнина од 1.6 литри и моќност од 132 коњски сили и еден дизелски со иста зафатнина, но моќ од 128 КЅ. И кај двете верзии достапен е 6 степен мануелен менувач.
Доколку се одлучите за бензинскиот агрегат, цената за истиот изнесува 18.750 евра, додека за дизелот е нешто повисока и достига 20.150 евра.