Кросоверот е е „фатен на дело“ од фотографите два дена пред своето деби. Имено во подготовките за премиерата на новиот буџетски кросовер Nissan Terrano, кој е закажана за денес, папараците во Индија успеаја да го фатат во полн сјај два дена порано.
Изданието Indiansautoblog ги објави фотографиите и на тој начин го „оневозможи“ производителот од можноста да ја изненади публиката. Како што е веќе одамна познато, втората генерација на Nissan Terrano е малку преработена верзија на добро познатата Dacia Duster, која на некои пазари се продава под брендот Renault. Сепак, за да се дистанцира максимум од својот донатор, дизајнерите на јапонската компанија ги сменија предниот и задниот браник, капакот и фаровите. Различни се и решетката на ладилникот, тркалата, рачките на вратите… Јапонскиот модел има и различен ентериер кој сепак засега останува мистерија.
Новиот Terrano ќе се нуди со бензински мотори со зафатнина од 1.2 до 2.0 литри, како и со 1.5-литарски дизел. Моделот ќе се произведува со рачен менувач и со автоматска трансмисија.
Премиерата на Nissan Terrano ќе се одржи на специјална манифестација во Мумбаи (Индија). Токму во оваа држава, во фабриката во Мадрас, ќе се одвива производството на кросоверот. Во исто претпријатие во моментов се составуваат 3 модели на Nissan – Micra, Sunny и Evalia.
Текстот е објавен во соработка со АвтоПлус