Новиот Nissan Qashqai ќе биде поспортски

Новата генерација на кросоверот Nissan Qashqai ќе биде насочена најмногу кон задоволството при возењето и ќе добие целосно нов изглед. Ова го откри потпретседателот на јапонската компанија Енди Палмер, додавајќи дека ќе има и набилдана модификација на моделот, дело на NISMO.

Според зборовите на Палмер, новиот Qashqai треба да биде доста емотивен и да се приближува максимално до најсовремените трендови, каков што е случајот со Juke. Некои од стилските решенија ќе бидат позајмени од концептните модели на брендот Hi-Cross и Resonance. Од првиот од овие два автомобила Qashqai ќе ги земе фаровите, тип бумеранг и V облик на маската, а од вториот – издолжената хауба.

374_Nissan-Qashqai-470-2

Новини ќе има и кај моторите. Кросоверот ќе добие 1.2 литарски бензински мотор со компресор, кој Nissan го вградува во двата хечбека – Micra и Note. Освен тоа, моделот ќе се потпира и на новиот четирицилиндерски турбомотор 1.6 DIG-T, кој ќе се нуди во две варијанти на моќ. Вториот од нив ќе е за набилданата верзија од NISMO модификација, при што можта ќе биде околу 215 КЅ.

276_Nissan-Qashqai-470-3

Текстот е објавен во соработка со Авто Плус

- Реклама -