Новиот Nexus 7 доаѓа во јули за 229 долари

Новата верзија на таблетот Nexus 7 се очекуваше да биде главниот настан на конференцијата за програмери на Google I/O која се оддржа минатиот месец во Сан Франциско, но всушност уредот не беше прикажан.

Според извештај на Digitimes, втората генерација на Nexus 7 ќе дебитира сепак ова лето. Исто така, веб страната информира дека уредот ќе има повисока цена од сегашната верзија која се продава за 199 долари, што значи дека овој модерен таблет нема да биде директен конкурент на таблетите кои се најавуваат да го окупираат светот со пониска цена.

nexus-7-2

Според претходните извештаи, новиот Nexus 7 доаѓа со екран од 7 инчи со резолуција од 1920х1200 пиксели, главна камера од 5 МР, батерија од 4000mAh и поддршка за Qi безжично полнење. Втората генерација на Nexus 7 наводно е закажана да биде претставена во јули со моделот од 16GB со цена од 229 долари.

ipad-mini-vs-nexus-7-12

Текстот е објавен во соработка со telefoni.com.mk

- Реклама -