Линиите на новиот изглед на Megane се откриваат малку пред официјалното претставување на моделот за време на салонот во Франкфурт.
Renault продолжува да го надградува својот нов дизајнерски идентитет во својата гама, па дојде ред и на семејството на Megane да се здобие со нов стилски изглед на предниот дел, што е карактеристично за брендот. Промените гарантираат поголемо визуелно единство меѓу предница на Mеgane Hatch, Mеgane Estate и Mеgane Coupе кои се со ист преден браник и хаубата, иако секоја верзија го задржува својот препознатлив идентитет. Новина се и халогенски фарови со елиптични лупи, со кои се опремени сите модели од палетата.
Новиот дизајнерски идентитет е пренесен и на спортските модели Mеgane RS и Mеgane GT, кои можат да се пофалат со уште подинамичен стајлинг на предниот дел .
Новата палета е предвидено да влезе во продажба во Европа во првата четвртина на наредната година.
Текстот е објавен во соработка со АвтоПлус