Новиот Citroen C4 Picasso подготвен

Од страна на францускиот производител пристигнаа првите официјални фотографии и информации за новата генерација на Citroen C4 Picasso. Деби на серискиот модел е закажан за претстојниот салон во Шангај.

Димензиите на возилото се 4.428 mm должина, 1.826 ширина, 1.611 височина и меѓуоскино растојание 2785 mm. Во однос на претходникот миниванот е 42 mm пократок, со 4 mm потесен и со 69 mm понизок. Меѓуоскино растојание сепак е зголемено за 57 mm. Поголем е и обемот на багажниот простор за 37 литри и па сега има вкупно 537 l. Новиот C4 Picasso е првиот модел на групата PSA Peugeot Citroen, изграден на модуларната платформа EMP2. Благодарение на неа моделот е полесен за 140 килограми и сега неговата тежина не изнесува повеќе од 1300 kg.

549_Citroen-C4-Picasso-470-2

Возилотоќе се нуди со два бензински мотори со зафатнина од 1.6 литри кои ќе развиваат 120 и 155 КЅ, како и со два дизели со иста зафатнина и моќност од 90 и 115 КЅ. Трансмисијата е преку 6-степен – механички менувач и роботизиран EGS.

706_Citroen-C4-Picasso-470-1

Ново во ентериерот се двата екрани – 12-инчен LCD-екран на врвот на централната конзола и 7-инчен под системот за проветрување. На првиот се добиваат сите информации што се потребни за возачот, а со помош на вториот се регулираат аудио системот и клима. Во основната опрема на моделот се вклучени уште парктроник, систем од видео камери, активен курз-контрол, а исто така и систем за самостојно менување на светлата при појава на возило од спротивен правец.

Текстот е објавен во соработка со АвтоПлус.

- Реклама -