Најнови информации за цената на iPad Mini

Дали планиравте да купите iPad Mini? Тогаш најверојатно ќе ве интересираат гласините кои доаѓаат од неколку извори блиски до Apple.

Според овие извори основниот iPad Mini модел, со 8 гигабајти меморија ќе чини 329 долари, додека моделите со повеќе меморија ќе чинат помеѓу 429, за 16 гига и 529 за моделот со 32 гигабајти меморија. Цената на 4G моделот ќе го следи истиот метод за одредување на цена како и големиот iPad, додавајќи 130 долари на цената на секоја верзија. Тоа значи дека најскапата верзија ќе чини околу 659 долари.

Ако овие цени се точни тоа би значело дека iPad Mini ќе биде доста поскап од еквивалентните верзии на директната конкуренција, Google Nexus 7. Изворите велат дека високите цени се создадени со цел потрошувачите да не загубат интерес во iPod touch моделите. Новиот четири инчен iPod touch модел e 300 долари. iPad Mini би требало да биде претставен на настан на 23 октомври.

- Реклама -