Следната генерација на Opel Astra OPC може да е со моќност од над 300 коњски сили, соопшти извор од компанијата за германските медиуми.
Се претпоставува дека новиот OPC ќе се појави во 2018 година, а во однос на сегашниот модел, зголемувањето на моќноста ќе биде за 20 коњски сили. Моделот ќе го задржи 2,0 литарскиот 4-цилиндерски бензински турбо мотор, ќе се нуди со рачен или автоматски менувач и повторно – само со преден погон. За подобро реализирање на моќноста ќе се грижи диференцијал со ограничено лизгање. Најверојатно двовратното купе Astra GTC нема да добие наследник, па новиот OPC ќе е хечбек со пет врати.
Освен со зголемената моќност Astra OPC повторно ќе се одликува со поагресивна аеродинамика, прекумерни браници, пошироки прагови и дифузер под задниот браник.