
На источниот брег на САД, на жителите им се заканува нова снежна бура. Според информациите од Националната метеоролошка служба, на некои места, вклучувајќи го и Њујорк, се очекува снежна покривка од повеќе од 30 сантиметри. По интензивната зимска бура што ги зафати овие области кон крајот на јануари, поголемите градови во североисточниот дел на земјата, како што се Њујорк, Филаделфија, Бостон и Вашингтон, се подготвуваат за новите снежни предизвици.



