Nissan напорно работи на новата генерација на Micra, а италијански медиуми објавија дека автомобилот ќе биде подготвена за деби во Париз во есен.
Во техничка смисла машината ќе се базира на актуелната генерација на Renault Clio, мошне успешен модел во својот сегмент во Европа. Токму тоа е главната задача на новиот јапонски модел – успешно враќање на Стариот континент, а фокусиран комплетно на новите пазари. Предвидено е во палетата мотори да има 3-цилиндерски агрегати кои работат на дизел, бензин и гас. Трансмисијата на повеќето модели ќе е мануелна, но се предвидува и автоматика за топ модификациите.
Што се однесува до дизајнот, возилото ќе се базира на концептот Sway. Нема да недостасуваат и линкови кон постариот Pulsar, а особено експлицитни тие ќе се во предниот дел.
Автоплус