Во Германија се појави нов производител на спортски автомобили. Компанијата VSpeed Automotive GmbH е основана од инженерот Бернд Номер, а првиот модел на новата компанија ќе го носи името V77 Gran Turismo.
Тешко може да се нарече дека ова е оригинална креација, бидејќи очигледно е дека моделот е базиран на Chevrolet Corvette од минатата генерација. Каросеријата од јаглеродни влакна, сепак е различна и придонесува за тежината на автомобилот биде 1.400 килограни, што е 56 помалку од оригиналот. VSpeed V77 Gran Turismo е долг 4.531, широк 1.951 и висок 1.216 милиметри. Тежината е распределена точно подеднакво помеѓу предната и задната оска. Под хаубата се крие 6.2-литарски V8 со моќност од 477 КЅ и вртежен момент 626 Nm. Забрзувањето од место до 100 km/h трае 3,9 секунди, а максималната брзина достигнува 320 km/h. Внатрешноста може да се нарача со тапацир од напа и украси од јаглеродни влакна.
Номер тврди дека развивањето на V77 му одзела 3 години, но веќе има собрано капар за 12 примероци. Нивната изработка ќе трае 3 месеци. Основната цена е 177.000 евра, а по желба од страна на клиентот за база може да биде земен и нов Corvette C7 Stingray.