Неодамна за прв пат во сегментот се појави лесна за употреба електрична кука за моделот Focus.
Истата автоматски се прибира на страна под задниот браник на Focus кога не се користи, за да го зачува спортскиот стајлинг на моделот и да спречи проблеми со паркирањето. Focus, поседува систем за влечење на приколка со сопирачки до 1.500 килограми и е првиот компактен семеен автомобил, кој ја нуди оваа технологија.
Достапен за сите клиенти на Focus, куката вклучува 13-пински приклучок со додатоци за осветлувањето и други системи, карактеристични за модерните приколки и каравани, кој е поврзан со акумулаторот на возилото за да се обезбеди сигурно напојување. Електричната кука на Focus се ослободува преку копче во внатрешноста.
Системот не може да се активира случајно и може да се управува само со исклучен мотор и кога кабината е отворена. Дополнителна мерка на безбедност е куката рачно да се повлече до крај и да се фиксира на одредена позиција. Клиентите кои ќе го избираат новиот Focus со електрична кука која се собира, бесплатно ги добиваат системите за помош при поаѓање на угорници и контрола на стабилноста на приколката.
Системот за помош при поаѓање на угорници спречува движењето на автомобилот наназад. Сопирачката го задржува автомобилот до 3 секунди, овозможувајќи му на возачот да ја ослободи истата и да контролира со педалите за гас и квачилото, без употреба на „рачна“.
Системот за контрола на стабилноста на приколката користи програмата за електронска стабилност, за да се идентификуваат занесувања на приколката и потоа постепено го забавува автомобилот, првично се намалува моќноста на моторот, а потоа се применува и сопирање.
Објавено во соработка со Авто Плус.