Нова диета – Голтање балони

Obalon Therapetics создаде нов медицински гаџет што ќе им биде од корист на сите на кои им е потребна диета. Се состои од пилула за  голтање, а во неа е сместен балон, кој се пумпа додека е во желудникот. Поврзан е со тенка цевка, која завршува со специјална пумпа, преку која докторот може прецизно да го надува гастро-балонот до потребната големина и притисок.

article-2543210-1AD9B69A00000578-404_1024x615_large[1]

Направата се нуди како безбедна алтернатива на гастричниот бајпас, процедура која како и секоја друга, носи ризици од потенцијални нус-ефекти. The Obalon, за разлика од операцијата, го намалува волуменот на стомакот без притоа да биде модифициран самиот орган.

Идејата е дека ќе се чувствувате сити многу порано од вообичаеното, што значи дека ќе внесувате помалку храна. Се разбира, големината на стомакот нема да ви се намали додека го користите балонот, но гаџетот е дизајниран да стои во желудникот во период од 3 месеци, што е прилично добра превентива од прекумерно јадење. По истекот на предвидениот период, докторот го издишува балонот и го извлекува преку устата.

За да не биде премногу добро за да биде вистинито, направата е прилично „солена“ – чини 2000 фунти, а ако сакате повеќе од една, може да ве чини богатство.

Погледнете го демо-видеото:

- Реклама -