Нова „БОМБА“ за Заев, сепак го познавал Димишков? „6 милиони евра! – викам важи, јас влегувам во оваа работа“

Во последниот ден од изборната кампања, нова „бомба“ за лидерот на СДСМ и коалицијата „Можеме“, Зоран Заев. Исечокот од разговорот е објавен на нов Јутјуб профил насловен „Зоки Рекетарот“ и трае кратко 12 секунди, но во истиот Заев зборува за адвокатот Васил Димишков, за кого вели дека е брат на судијката Димишкова.

Интересно е што претходно, на дебата со Христијан Мицкоски на „ТВ24“, Заев тврдеше дека не го познава и не се среќавал со Димишков.

Но во денес објавената снимка, на која наводно е гласот на Заев, тој вели:

„Во еден период се појави овој Васко, на Димишкова брат, совет да ми дадеш, што да правам, бара пари…“

Во следната реченица на снимката, Заев вели:

„ … значи он ќе рече 6 милиони евра. Шест милиони евра! – викам важи, јас влегувам во оваа работа“, вели Заев.

Шест милиони евра, инаку, Димишков спомнуваше во една претходно објавена снимка, во која преговара за сумата што Камчев треба да ја плати за да излезе од притвор:

- Реклама -