Нов тест може да им помогне на илјадници двојки со репродуктивни проблеми да ги остварат своите соништа и да имаат дете.
Тестот за ин витро е насочен кон индивидуална проверка за плодноста на жената.
Третманот со вештачко оплодување ќе биде во согласност со индивидуалниот циклус на плодноста на жената.
За прв пат, научниците сметаат дека се способни да го идентификуваат точниот момент од циклусот на жената, кога ин витро оплодувањето има најголема шанса.
Постојаните обиди на лекување на неплодност можат да нанесат емоционални и финансиски кризи кај двојките. Секоја година во Велика Британија се случуваат над 60 000 ин витро постапки, но само 24% завршуваат со успешна бременост и раѓање.
Во САД во 2013 година, се направени 175 000 ин витро постапки. Успешноста варира помеѓу 16 и 47% во зависност од возраста на жената.