Кинескиот произведувач, Guangzhou Daming United Rubber Products, постави нов рекорд за најтенок кондом. На прес-конференцијата одржана на 20-ти февруари во Хонк Конг, компанијата го покажа својот нов изум, чија дебелина изнесува 0.036 милиметри, совладувајќи го претходниот Гинисов рекорд на јапонскиот произведувач Okamoto, чиј латекс има дебелина од 0.038 милиметри.
За споредба, просечната дебелина на човечко влакно изнесува 0.06 милиметри, а на Trojan Ultra Thin (ултра тенки) кондомите – исто така, околу 0.06 милиметри.
Трката за најтенок кондом трае веќе некое време – минатата година, јапонската компанија Sagami Rubber лансираше кондом со дебелина од 0.1 милиметар. Борбата за „превласт“ продолжува, а се надеваме на повеќе добри вести и во иднина.