Нов лек за слабеење

slabeenjeБританските научници открија хемикалија која го намалува апетитот и ослободува од желбата за калорични оброци.


saladvscakeБританските научници открија хемикалија која го намалува апетитот и ослободува од желбата за калорични оброци.

Материјата која инаку се наоѓа во нашето тело може да биде нов лек кој на луѓето ќе им помогне да ослабат без мачните последици, велат научниците од Универзитетот во Манчестер. Овoј лек веројатно ќе може да се користи и за лечење на алкохолизмот.

Супстанцата со име хемопресин влијае врз центрите во мозокот кога некој ужива во храната или цигарите. Тестовите покажаа дека хемопресинот ги блокира овие центри така што го намалува уживањето. Др. Гарон Дод вели дека хемопресинот може да го потисне чувството на глад без несакани ефекти. „Иако лекот е сигурен се уште не е спремен за да го користат луѓето. Ова откритие покажува дека мозокот го контролира апетитот и помага во развивањето терапии за намалување на вишокот килограми. Ќе се обидеме да откриме како да го наведеме мозокот да произведува повеќе хемопресин.“ [Chemical that can stop you eating for pleasure is discovered by British scientists]

- Реклама -