„Нов“ хибрид на Порше

хибридНа овогодинешниот саем за автомобили во Њујорк Порше го претстави својот Панамера Хибрид, но големо внимание привлече и уште еден од нивните хибриди. Првиот хибрид во светот од пред 111 години.

хибридЛонер-Порше Семпер Вивус користи мал бензински мотор и генератор со кој создава електрична енергија за два електрични мотори сместени во предните тркала. Возилото имало и батерија која би користела како резерва во случај да снема гориво.
хибридЗа жал сите оригинални Лонер-Порше се уништени. Порше оваа реплика ја граделе во текот на последните седум години. Тие на располагање ги немале ни оригиналните технички цртежи, па биле приморани да работат по фотографии и писмени упатства.
хибридНо новите хибриди не се единствените возила кои биле направени под влијание на овој модел. Инженерите на НАСА ја позајмиле идејата за мотори сместени во тркалата кога го дизајнирале Месечевиот Ровер. [Porsche shows off a gas-electric hybrid from 1900]

- Реклама -