Од денеска македонскиот и грчкиот премиер и официјално се на листата на кандидати за Нобеловата награда за мир. Номинацијата до комитетот во Осло ќе ја достави Уидед Бушамауи, која и самата е носителка на Нобеловата награда за мир од 2015-та година, за нејзините заслуги по постигнување на мирот и демократијата во Тунис.
За Заев и Ципрас таа има само пофалби, но не само за нив:
„Ова не е признание само за нив, туку за сите граѓани на Македонија и Грција. Договорот од Преспа е пример и порака за сите како со дијалог може да се реши сé“, рече Бушамауи на денешната церемонија во Скопје на универзитетот ФОН.