Американската компанија Buick ја откри обновената верзија на моделот Regal, наменет за пазарот во САД , кој е всушност „близнак“ на Insignia.
Бидејќи Regal и Insignia имаат целосно слични димензии и многу близок дизајн, во пракса можеме да видиме какви промени ќе претрпи и обновената верзија на Opel, која треба да биде претставена наскоро.
Промените се еволутивни, а не револуционерни, што е и сосема за очекување, бидејќи моделот се претставува добро на пазарот. Различни се браникот, маската на ладилникот, како и фаровите кои имаат интегрирани LED диоди. Од GM освежената верзија ја опишуваат како поспортска и попаметна. Промените во внатрешноста исто така не се големи, вклучуваат нов управувач, потехнолошка конзола и различни уреди на таблата со инструменти. Во модернизацијата на Buick Regal вклучува и поставувањето на неколку нови технологии за безбедност, меѓу кои систем за следење автомобили во мртов агол на страничните ретровизори, состав кој алармира кога непожелно се напушта лентата на движење, систем што предупредува при возење наназад, состав за опасност од судир…
Американското возило се нуди со избор од два бензински мотори. Првиот е 2,4-литарски и испорачува 185 КЅ и 232 Nm, а вториот – 2.0-литарски со турбо и 263 КS / 400 Nm. И двата мотора можат да бидат опремени со систем за погон на сите тркала, располага со диференцијал со ограничено лизгање.
Текстот е објавен во соработка со АвтоПлус.