Nissan Motor објави дека компанијата потпиша четиригодишен договор за партнерство со UEFA Champions League, вклучувајќи го и UEFA Super Cup.Новиот договор е најголемиот од ваков вид за автомобилскиот производител и ќе го претстави Nissan како официјален партнер на врвниот европски фудбал на глобално ниво за периодот до сезоната во 2018 година. Како еден од спонзорите, Nissan ќе има широки права на натпреварите, подготвителните сесии, организирани настани, вклучувајќи го и големото финале.
„За нас е големо задоволство да го имаме Nissan како официјален партнер на UEFA Champions League од следната сезона. Nissan е вистински лидер на глобално ниво и е една од најголемите компании производители на автомобили во светот. Според нас, ова партнерство ќе понуди поголем број иновации на сите пазари во целиот свет и сигурни сме дека Nissan во целост ќе ја искористи платформата која нуди единствената UEFA Champions League, за да го надополни својот имиџ, а и успех“, коментираат од UEFA.