Nissan го претстави Kicks

209_Nissan-470-2[1]

Бразилската поделба на Nissan ја претстави сериската верзија на новиот кросовер на брендот – Kicks. Во компанијата не објавија официјални фотографии на моделот, туку фотки, направени од луѓе кои присуствуваа на премиерата.

215_Nissan-470-1[1]

Серискиот Nissan Kicks речиси целосно го имплементира стилот на истоимениот концепт, кој дебитираше на салонот во Сао Паоло во есента 2014 година. Техничките карактеристики на моделот не се објавени, но се знае дека кросоверот е изграден на платформата V, кој е во основата на хечбекот Micra. Токму од овој модел серискиот Kicks го презема и моторот кој ќе се нуди во прво време. Тоа е 1,6-литарски бензински мотор, кој развива моќност од 110 КЅ. Тој може да биде комбиниран со 5-брзински мануелен менувач, но и со вариаторна трансмисија.

637_Nissan-470-3[1]

Целосна премиера на малиот SUV е закажана за мај. Новиот теренец ќе биде и официјален автомобил на претстојните летни олимписки игри во Рио де Жанеиро. Првично Nissan ќе го продава Kicks само во Бразил, но од следната година моделот ќе се појави во Индија, земјите од Југоисточна Азија и во САД.

Автоплус

- Реклама -