Nissan објави дека за време на спектаклот Goodwood Festival of Speed ќе биде претставен прототипот Concept 2020 Vision Gran Turismo, посветена на 15-годишнината на легендарната игра Gran Turismo.
Nissan Concept 2020 е студиски автомобил со футуристички дизајн и аеродинамика. Внатрешноста е решена во 2+2 конфигурација, а погонот се остварува преку четирите тркала. Иако, посетителите на овогодинешниот фестивал на брзината во Гудвуд ќе бидат првите кои ќе го видат во живо NISSAN CONCEPT 2020, првите кои ќе можат да го возат, макар и само виртуелно, ќе бидат оние кои ќе ја „пробаат“ верзијата на GT6, која ќе биде достапна следниот месец.
NISSAN CONCEPT 2020 е дело на млади дизајнери од центарот на брендот во Лондон, но поради огромниот реален потенцијал за проектот оваа креација ја реализираа од Nissan Technical Centre во Атсуги, Јапонија.