Николовски: Ќе боли, ама решение со Бугарија ќе има

„Датум можеби сѐ уште нема, но ќе има. Се очекува тој да биде утврден на денот на усвојувањето на преговарачката рамка за време на состанокот на Советот на ЕУ. Канцеларката Ангела Меркел е решена тоа да се случи за време на германското претседателство со Унијата до крајот на годинава, и таа речиси експлицитно го најавува тоа. Премногу напор и залагање од страна на Германија, но и на други европски држави е вложено за Македонија да ја одржи заедничката меѓувладина комисија како знак за почеток на преговорите, за тоа да го упоропастат ‘ирационалните’ односи меѓу Бугарија и Македонија“, пишува новинарот Љубиша Николовски во колумна за „Слободен печат“.

Според него, изјавата на Меркел – дека „сѐ уште има потреба од преговори меѓу Бугарија и Македонија“, потврдува дека и двете страни бараат компромисно решение и дека Бугарија, зад затворени врати, и покрај јавните максималистички барања, е подготвена на решение со отстапки.

Прочитајте и:  Македонија и ЕУ потпишаа Договор за партнерство за безбедност и одбрана

„Ете дури и Екатерина се замолче!“, аргументира Николовски, според кого решение ќе има, но „ќе боли“:

„Но без отстапки не е можно да се реши деценискиот спор меѓу двете држави кој ги обременува и односите меѓу двата народа. Се разбира дека компромисот што ќе биде прифатен ( ако не, не би бил компромис) ќе боли и во Скопје и во Софија. Но тој ќе ги направи и двете држави по европски со поизвесна иднина. Зошто инаку Бугарија би се откажала од вековната доктрина за ‘еден народ, еден јазик’ вткаена во свеста на секој Бугарин, само за Македонија да стане членка на ЕУ? За таква Македонија каква што ние ја восприемаме: како држава на Македонците кои говорат македонски јазик, во која го славиме Гоце Делчев како Македонец, а Бугарите ги изучуваме како фашистички окупатор, сигурно не… Целата колумна прочитајте ја ТУКА.

- Реклама -