Николоски: Уставните измени не се последно барање од Бугарија, ниту еден пратеник од ВМРО-ДПМНЕ нема да гласа

„Лани ова време се потпиша тој срамен француски предлог кој што во суштина е бугарски предлог. И лани ова време се зеде обврската за Уставот, како и други работи кои се поврзани со промена на учебници, кои се поврзани со промена на нашето сознание за нашата историја, самобитноста на македонската држава итн, кои што всушност јасно ги скицира претседателот на Бугарија Румен Радев во неговото последно писмо до европските лидери, каде што вели не е доволно само промена на Уставот, туку имаме и други барања кон Македонија“, рече Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ во вечерашното гостување во емисијата ЗА или ПРОТИВ на ТВ Алфа.

Николоски истакна дека „СДС тропаат глупости“ кога велат дека имаат мнозинство за уставни измени бидејќи, доколку имаа, до сега 10 пати ќе ги ставеа на дневен ред на собраниска седница за гласање.

Прочитајте и:  ВМРО-ДПМНЕ: Со буџетот за 2025 година полициските службеници ќе добијат покачување на платите

„Доколку има двотретинско мнозинство во собранието, овие година дена 10 пати ќе го ставеа на гласање и ќе го изгласаа. Најдобар доказ дека тресат глупости, нема друг збор, и дека ја користат темата за дефокус од нивниот криминал и за останување на ден повеќе на власт, е тоа што не го ставаат предлогот на гласање година дена“, смета тој.

Николоски уште еднаш нагласи дека за ВМРО-ДПМНЕ уставните измени под бугарски диктат се затворена тема, нагласувајќи дека ниту еден пратеник на ВМРО-ДПМНЕ нема да гласа.

„Не може уставните измени да траат една година во една држава, а имајќи во предвид дека не го ставаат во собрание, значи нема мнозинство. Ние одамна сме ја затвориле оваа тема, ниту еден пратеник на ВМРО-ДПМНЕ нема да гласа, ние не подржуваме уставни измени под бугарски диктат“, изјави Николоски.

- Реклама -