Николоски: Фалсификат е кривично дело и одговорност ќе има

Центар за комуникации со јавноста на ВМРО-ДПМНЕ

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски денеска од општина Могила одговарајќи на новинарско прашања за израелскиот мешетар за црна кампања на СДС истакна дека многу веројатно се плаќа со кеш од тендерите од РЕК Битола, но треба да знаат Пендаровски и Ковачевски дека за брзо од сега ќе следи одговорност затоа што фалсификат е кривично дело, а не клевета.

Јас бев прв во јавност кој ова го презентираше и до денес не добив одговор на клучните прашања. Откако Стево Пендаровски призна дека ова лице е ангажирано, ама кажа дека било ангажирано од СДС, а од СДС се сокрија и не одговараат колку чини неговиот ангажман, кој го плаќа, дали има склучено договор и како е возможно да има договор кога уште изборни сметки не се отворени во моментот кога почнал да работи, рече Николоски.

Николоски посочи дека нема одговор од СДС затоа што невозможно беше да има склучено договор со ова лице имајќи предвид дека изборите не беа почнати, а одговорот за финансирањето на ова лице лежи во РЕК Битола.

– Според нашите сознанија ова лице е ангажирано и платено со директен кеш од страна на почесниот конзул на Белорусија кој е најчест добивач на тендери од РЕК Битола, а тоа е Марковски компани, нагласи Николоски.

Прочитајте и:  Инцидент во Собранието, за малку избегната физичка пресметка меѓу Апасиев и пратеници од ВМРО-ДПМНЕ

Николоски додаде дека црна кампања никому ништо нема да донесе, особено кога се работи на 100% невистини и фалсификати, но за ваква работа за месец од денес ќе треба да одговараат.

Претседателот Мицкоски беше многу јасен во неговото обраќање од митингот во Скопје дека истото ова лице се понуди во ВМРО-ДПМНЕ и ги понуди своите гнасни услуги, нудеше да се прават фалсификати, да се влегува во приватниот живот на луѓето, да се прават измислици за политичките противници, ние го избркавме на начин што не можеше вратата да ја погоди, но гледаме дека СДС го прифатиле. Треба да се свесни дека не се работи за обични клевети, овде се работи за фалсификат што е тешко кривично дело, за месец дена од денес Стево Пендаровски нема да има државна функција и заштита, Димитар Ковачевски нема, а Миле Зечевиќ одамна веќе нема државна функција, а за месец дена и други кои им помагаат нема да имаат и ќе одговараат и треба да се свесни дека за фалсификат се одговара и тоа многу согласно Кривичен законик, а оваа работа нема да остане така, еднаш засекогаш треба да се стави крај на црна кампања, фалсификати и навлегување во приватни животи и тотални и целосни измислици, изјави Николоски.

- Реклама -