Неверојатно излетување (видео)

летЧед Рид не само што преживеал спектакуларно излетување, по кое летал 6 метри над земјата, туку и се вратил на својот мотоцикл и ја завршил трката. Австралиецот се натпреварува во AMA Pro Motocross Championship во Minnesota во моментот кога загубил контрола во скок и излетал од патеката.

По летот 6 метри над земјата, тој се одделил од мотоциклот и незгодно слетал по што изгледало како да има сериозни повреди. Но по само неколку секунди Рид се вратил на својот мотоцикл, што ги шокирало сите присутни, и не само тоа, туку ја завршил трката 34-ти од 35 возачи. По трката тој изјавил: „Среќен сум што сум жив. Удрив нерамнина и предното тркало ми избега. Следното што знам е дека летав во воздух.“

Прочитајте и:  Русија им врачи демарш на САД поради украинскиот напад врз Севастопол

{youtube}ZC4f9TCg4zw{/youtube}

- Реклама -