Компјутерската графика е многу различна од диносаурусите во Jurassic Park. Но ова видео покажува што можеме да очекуваме од следната генерација на компјутерската графика.
Симулации на ткаенина со хипер-реалистични набори, моделирање на комплексна човечка коса со помош на термални камери и нов пристап кон рендерирање на чад ќе значат многу пореалистични ефекти во филмовите и видео игрите во иднина. Видеото е колекција на истражувачки проекти претставени на 2012 Siggraph Asia конференцијата.