Македонската женска фудбалска репрезентација денеска доживеа пораз од Азербејџан со резултат 2-0 во Баку, што е непријатен старт на квалификациите за Светското првенство, кое планирано е да се одржи во Бразил од 24 јуни до 25 јули следната година.
Водечкиот гол за домашната екипа го постигна Јафарзаде во 28. минута, а со својот втор погодок во 78. минута, ја обезбеди победата за Азербејџан.
Во вториот дел, Максути и Николовска имаа добри прилики за гол, но не успеаја да реализираат.
Избраничките на селекторот Александар Андов следниот обид за освојување бодови ќе го имаат на домашен терен против Андора, на 7. март во Битола, на стадионот „Петар Милошевски“.




