НЕТПРЕС: „Данела набавува мазут за ЈСП, дали ќе си поднесе кривична против себе?“

EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Дали сите субјекти што користат мазут се и загадувачи? Дали тоа значи дека сите треба да сносат санкции? По таа логика, а според она што е објавено во Јавни набавки на е-набавки.гов.мк, излегува дека и државни установи и јавни претпријатија се загадувачи на животната средина, пишува порталот „Нетпрес“.

Како што посочува порталот, за користење на мазут влијаат многу параметри, па оттаму не може паушално да се каже дека сите овие институции се загадувачи, но тоа не треба да се прави и со други правни субјекти за, како што се вели во текстот, „нечии лични хирови“.

„Минатата година на 30 ноември ЈСП Скопје набавило мазут (М1 ХЦ) во вредност од 105.528 евра. Исто така и ЈЗУ Универзитетска клиника за физикална медицина и рехабилитација Скопје набавиле мазут. И Заводот за рехабилитација набавил мазут. Мазут набавил и Студенсткиот дом Кочо Рацин од Битола.

Дали Град Скопје предводена од градоначалничката Данела Арсовска смета дека и овие субјекти се загадувачи? И дали кај нив се направени проверки? Од друга страна, испаѓа дека Арсовска набавува мазут, односно директорите поставени од нејзе. Дали таа ќе поденесе тужба на Данела Аровска?“, прашува порталот.

Мазутот, во ова време на енергетска криза, се потенцира во текстот, е  неопходен за функционирањето на сите овие субјекти. Тогаш, се поставува прашањето, „зошто едни се кабает а други не?“.

За потсетување, Државниот инспекторат за животна средина ѝ наложи на „УСЈЕ“ дека мора за пет дена да почне да се грее на гас наместо со мазут, бидејќи резултатите од мерењата покажувале дека оџакот од котларата за парно греење која користела мазут на УСЈЕ испуштала многу повеќе азотни оксиди, односно 711.9 mg/Nm3.

Градоначалничката Арсовска, пак, вчера на прес-конференција свикана за аерозагадувњето во градот, тврдеше дека цементарницата Титан Усје била еден од причинителите за енормните загадувања на метрополата, повикувајќи се на анализите кои ги имале направено.

Од компанијата, пак, велат дека тие ангажираат независни релевантни лаболатории кои редовно вршат мерења кои потвдувале дека емисиите се и под дозволените граници согласно законските одредби.

„Цементарница УСЈЕ не влијае врз зголемување на присуството на PM10 честички во воздухот. Работењето на компанијата постојано е следено од страна на Државниот инспекторат за животна средина. Производството запира доколку филтрите не работат. Емисиите од работата на Цементарница УСЈЕ постојано се под граничните вредности определени со Закон“, велат од „УСЈЕ“.

Денеска ДИЖС, пак, соопшти дека цементарницата ги исполнила задолженијата што ѝ ги постави во врска со емисијата на штетни гасови од двата котли за греење во цементарницата, односно почнала со користење природен гас наместо мазут во котлите за парно греење.

Од друга страна, со законот за заштита на животна средина, кој предвидува воведување на регистар за загадувачи и контрола на издадените интегрираните дозволи, досега се регистрирани само 30 правни лица. Според податоците на градот, листата треба да се прошири со уште најмалку 1.000 други правни субјекти кои би морале и треба да побараат А или Б интегрирана еколошка дозвола и да вршат соодветна контрола на емисијата на штетни гасови во воздухот, потенцира „Нетпрес“.

- Реклама -