Нетанјаху: Со тотална победа ќе му зададеме фатален удар на Хамас, но и на Иран

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска изјави дека со „тоталната победа“ на израелската армија во Појасот Газа ќе и биде зададен „фатален удар“ на палестинската исламистичка организација Хамас, но и на Иран и неговите сојузници.

„Апсолутна победа е од суштинско значење затоа што гарантира безбедност за Израел. Целосната победа ќе зададе фатален удар на оската на злото, а тоа се Иран, (либанскиот) Хезболах, (јеменските бунтовници од движењето Хути) и секако Хамас“. рече Нетанјаху по средбата со претставници на армијата.

Како што соопшти неговиот кабинет, Нетанјаху во Латрун, недалеку од Ерусалим, истакна дека Израел е „на пат кон целосна победа“, дека е посветен на тоа и дека „нема да се откаже“.

„Нема да ја завршиме војната без да ја постигнеме целта за тотална победа, која ќе ја врати безбедноста и на југот и на северот“, им рече Нетанјаху на членовите на екипажот на тенкот, без да прецизира што значи тотална победа, пренесоа израелските медиуми.

Прочитајте и:  Трамп повика на брз прекин на војната на Израел со Хамас

Тој истакна дека 75 отсто од баталјоните на Хамас се уништени, дека нема „замена за тотална победа“ и дека Израел ја уништува мрежата на тунели на Хамас.

Тој изјави дека евакуираните Израелци нема да можат да се вратат во своите домови доколку Израел не ја постигне оваа цел и додаде дека „ќе биде само прашање на време кога ќе следи уште еден масакр“ и дека Хезболах и другите организации „ќе го превртат регионот. Тој со тоа алудираше на нападите на Хамас од Газа врз јужен Израел на 7 октомври, по што започна најновата војна.

- Реклама -