Нетанјаху: Го убивме четвртиот по важност член на Хамас, следуваат третиот, вториот и првиот

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска изјави дека војската го убила четвртиот најважен приоадник на Хамас, алудирајќи на заменик-политичкиот лидер на палестинскиот исламистички Хамас, Салех ал-Арури и најави дека наскоро ќе стасаат и до други високи команданти.

Нетанјаху го рече ова во видео изјава додека Израел ја истражува судбината на Марван Иса, кој е заменик-лидерот на военото крило на Хамас, кој важи за трет човек по важност и кој наводно бил цел на воздушен напад вчера рано изутрина.

„Ние сме на пат кон целосна победа. На патот до таа победа веќе го елиминиравме лицето број четири на Хамас. На ред се три, два и еден“, рече израелскиот лидер оценувајќи дека сите тие се „мртви луѓе“ и дека Израел ќе дојде кај сите нив.

Прочитајте и:  МКС издаде налог за апсење на Нетанјаху, Галант и лидерот на Хамас

Ал-Арури беше убиен во воздушен напад во Бејрут на почетокот на јануари. Меѓутоа, Израел никогаш официјално не ја презеде одговорноста за тој напад, наведуваат израелските медиуми.

- Реклама -