Нетанјаху: Договорот со Хамас е правилна одлука

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху го оцени како правилна одлука договорот со исламистичкиот Хамас за прекин на огнот со цел ослободување на дел од израелските заложници и ослободување на одреден број Палестинци од израелските затвори.

Според договорот, до 100 израелски заложници ќе бидат разменети за до 300 палестински затвореници.

Нетанјаху, сепак, додава дека по спроведувањето на договорот за размена на заложници за Палестинците осудени на затворски казни, војната ќе продолжи сè додека Израел не ги исполни своите цели.

Израелскиот премиер смета дека враќањето на заложниците е етичко прашање, нагласувајќи дека ќе се искористи секоја можност за конечно ослободување на сите заложници киднапирани од терористите на Хамас во убиствената кампања против Израел на 7 октомври. За еден ден оваа сунитска џихадистичка група убила 1.200 луѓе, од кои повеќето жители на кибуц и млади луѓе кои присуствувале на музички фестивал.

Прочитајте и:  ОН: Израелските доселеници протерале над 1.720 Палестинци од Западниот брег

Израел одговори на масакрот со прогласување воена состојба и општа мобилизација и започна воздушна и копнена офанзива на Појасот Газа. Палестинското Министерство за здравство, под контрола на Хамас, соопшти дека досега во таа офанзива загинале околу 16.000 луѓе, но оваа бројка подоцна беше оспорена.

Се очекува размената да почне утре, иако првично беше најавена за денеска.

МИА

- Реклама -