Несовршенството ви го спасува животот

перфекционизамПостојаното стремење кон живот без мани го зголемува вашиот ризик за несовршен исход – рана смрт. Експерти за перфекционизам неодамна се собрале на конвенција на Асоцијацијата за Психолошка Наука во Бостон за да ги претстават резултатите од истражување на перфекционизмот и неговите ефекти врз здравјето.

Постојаното стремење кон живот без мани го зголемува вашиот ризик за несовршен исход – рана смрт. Експерти за перфекционизам неодамна се собрале на конвенција на Асоцијацијата за Психолошка Наука во Бостон за да ги претстават резултатите од истражување на перфекционизмот и неговите ефекти врз здравјето.

ПерфекционизамЕфектите варираат од губење на самодовербата и истрајноста до зголемен стрес и ризик за смрт. Перфекционизмот може дури и да спречи соодветно справување со кризни ситуации. „Иако овие невозможно високи стандарди се наметнати од самите личности, вистинските перфекционисти сепак не можат да се откажат од високите очекувања, или да се задоволат со пореалистични стандарди, дури и во случај на сериозни проблеми при кои би требало да постапуваат брзо“ објаснва доктор Прем Фрај, професорка по психологија на Trinity Western University во Британска Колумбија, Канада.

Деталите: На конвенцијата, истражувачите кои се специјализирани за овој тип на однесување ги споделиле своите наоди, меѓу нив била и Фрај, која неодамна извршила студија врз постари луѓе и открила намалување од 51 процент во животниот век кај перфекционистите. Другите научници откриле неколку последици на перфекционизмот како импулсивното прејадување, вознемиреност, зависност, и зголемен ризик за стрес. Добрата вест е дека не секоја перфекционистичка карактеристика е лоша вест. Дел од истражувањето на Фрај, објавено годинава, открило дека перфекционистите кои патат од тип 2 дијабетес поефективно ја контролираат својата состојба. „Споредено со не-перфекционистите, тие потемелно се придржувале до нивниот третман и, како резултат на тоа, живееле поздрави и подолги животи.“

Што значи ова: Фрај додава дека штом се јави нагонот за перфекционистичко однесување, не е лесно да се изгуби. Исто така важно е да се знае дека ако перфекционизмот е ограничен на само една или две работи во вашите секојдневни дејности, може да има позитивен ефект врз самодовербата. „Но, стремежот кон целосно совршенство може да биде смртоносен.“

Еве како да идентификувате перфекционист:

Знајте ги типовите и знаците.
Вистинските перфекционисте генерално никогаш не се задоволни од изведба. Фрај вели дека овие знаци често можат да се забележат кај перфекционист, без разлика на полот и возраста:

1. Преголема грижа за мали, секојдневни задачи
2. Грижа за одобрение од други луѓе
3. Често бара продолжување на дадените рокови
4. Пречесто се грижи да не ги разочара другите
5. При подолго набљудување, перфекционизмот може да се забележи по претераните нивоа на грижа, депресија и чувство на неуспех (дури и ако лицето е талентирано и успешно)

Друг тип на перфекционисти се оние со „социјално наметнат перфекционизам“, луѓе кои мислат дека другите очекуваат од нив да бидат совршени. Родителите често можат да го предизвикаат кај децата, а очекувањата на шефот го имаат истиот ефект кај возрасни луѓе.

„Перфекционисти ориентирани кон другите луѓе“ имаат високи стандарди не само за себе, туку очекуваат исто однесување и од другите. „Индивидуите кои се опседнати со сите три одлики на перфекционистичко однесување се во постојана состојба на стрес. Во таквите случаи, перфекционизмот води кон голем број здравствени проблеми предизвикани од стрес, а во некои случаи дури и ментални проблеми како депресија, губење апетит, мигрени, алкохолизам и зголемен ризик за психопатологија, вклучувајќи и тенденции кон самоубиства.“

За да ги контролирате вашите перфекционистички нагони:

Поставете граници
Иако Фрај признава дека позитивните ефекти на перфекционизмот, како зголемената свесност и одговорност, таа предупредува дека перфекционистите мора да постават граници. „Строгите перфекционистички очекувања поставени врз други луѓе можат да имаат ефект врз продуктивноста на перфекционистот, и да ја ограничат продуктивноста на оние кои работат под нивна контрола.“ Луѓето кои го имаат овој проблем мора да си постават граници, и да одберат една или две области во кои ќе бидат перфекционисти. На пример, перфекционизмот кај хирурзите и инженерите кои градат мостови имаат позитивен ефект на спасување животи, но нема потреба истите тие луѓе да бараат совршенство во диплењето на облеката.

- Реклама -