Слободата на медиумите е на незавидно ниво во целиот свет. Расте бројот на убиени новинари во реоните каде има немири, а пак во земјите кои се декларираат како демократски, има закани, уцени и цензура. Агенцијата McCann Erickson ја изработи кампањата за Reporters Without Borders каде сликовито и многу прецизно го објаснуваат овој глобален проблем.
Да се биде независен новинар во Иран е еднакво на затворска казна.
"El Censor Maximo" и неговите браќа се главни уредници на печатот на целата држава.
Во Куба, поради користење интернет и објавување статии online дури 25 новинари лежат во затвор.
Во земјата на Мао, независните новинари се ретки колку и пандите (но многу помалку заштитени)
Jintao вети дека ќе ја гарантира слободата на печатот, што беше услов за организирање на Олимпијадата. Ветувањето остана само на зборови.
Единствените руски весници кои се читаат деновиве се изјавите на
одделот за односи со јавноста на Владимир Путин
Откако беше избран Путин, дваесет новинари беа убиени.
Најлошо е што никогаш не беше поведена посериозна истрага во врска со тоа.